Касами контра Влада: Стадионот ќе се гради!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами се јави со реакција откако Владата на седница порача да се запре уривањето на стадионот во Тетово и да се поднесат кривични пријави.

Тој вели дека по 8 години пустош, владата продолжувала да им нанесува штета на граѓаните и на градот.

„Овој пат носејќи одлука за стопирање на работите на стадионот на град Тетово. Уште еднаш докажавте кој сте, докажавте дека само зло и направивте на оваа држава! Вашите денови се избројани, со вакви одлуки не не спречувате да работиме за нашите граѓани. Стадионот ќе се гради, и да не ви се допаѓа. Тетово и сите градови во државата ќе се градат и развиваат како што заслужуваат“, напиша Касами.