Касами на средба со жителите од населбата Гам-Гам – „На 17 октормври, Општина Тетово ќе се ослободи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Движењето БЕСА, истовремено кандидат за Тетово, Биљал Касами, синоќа беше во населбата Гам-Гам во Тетово, за која рече дека е срцето на градот, но за жал дека останала најзадушена во Тетово, поради лошата патна инфраструктура и бројните проблеми.

Тој, исто така, рече дека на 17 октомври, не само Гам Гам, туку и целото Тетово ќе се ослободи од оваа беда што според него го зафатила. Вечерва Касами ќе се сретне со жителите на тетовската населба Теќе.

„За среќа, нејзините денови се избројани и за среќа на 17 октомври Општина Тетово ќе биде ослободена и како што рековме на една друга средба, сега советниците на Движењето Беса нема да тропаат на затворени врати за да се обидат да ги решат вашите проблеми, туку ќе имаат одговорност како дел од општинската власт “, истакна Биљал Касами.