Касами на средба во Тирана со претставнички на ЕНП – во фокус регионалната соработка и интеграцијата на ВЛЕН во ЕНП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пресрет на „Молитвениот појадок во Југоисточна Европа“ во Тирана, ко-претседателот на ВЛЕН, Билал Касами, оствари средба со Јорида Табаку и со европратеничката и секретарка на Европската народна партија, Долорс Монсерат, на која се разговараше за политичките случувања во регионот, европската соработка и процесот на зачленување на ВРЕДИ во ЕНП, при што беше нагласено значењето на дијалогот и партнерството на патот кон европските вредности.

„Разговаравме за политичките случувања во регионот, европската соработка, како и за процесот на зачленување на ВЛЕН во ЕНП. Ваквите средби се доказ дека дијалогот и партнерството остануваат клуч на нашето патување кон европските вредности“, напиша Касами за средбата.