Кашкавалот и лутеницата станаа луксуз?! – Граѓаните револтирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова беше одговор на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прашањето зошто ДДВ-то за лутеницата се зголемува од 5 на 10%.

Бидејќи вицепремиерот не знае, ТВ21 излезе на терен да ги праша граѓаните, дали овие производи кои што се спомнуваат за нив се луксуз.

„Сметам дека луксузни производи се на пример чипсот, чоколадите, а другите се неопходни.

Дали сметате дека сирењето, кашкавалот или лутеницата се луксузни производи?

Не сметам дека се луксузни бидејќи се потребни на сите граѓани, за доручек, ручек, но не знам што се случува“.

„Ние немаме за луксуз, немаме буџет за луксуз“.

-Сметате дека сирењето е луксуз?

„Не девојче, каков луксуз е сирењето! Брашното дали е луксуз! Лебот дали е луксуз! Пазарот дали е луксуз!?“

-Според вас колкава треба да биде цената на сирењето и кашкавалот?

300-250 денари, како што беше. Кашкавалот колку беше 700 денари?! Дали се тие нормални, пензиите се 150-200 евра, не се поголеми. Со 200 евра нека живеат тие кои ги покачија платите за 80%, пратениците и тие од Влада“.

„Да, ги покачиле, но нема пари!“

-Дали сметате дека кашкавалот и сирењето се луксузни производи?

„Високи си, високи!“

Според вас колку треба да биде сирењето?

„Овде не се знае што се случува“.

„Нека ги покачат колку сакаат има и за нив и за нас. Што да правиме, ние сме гласале за нив, што сакат нека прават! Дали не прашуваат?! Не“.

Вицепремиерот Битиќи вели дека реакциите се за 10-тина производи, од вкупно 2000 производни групи кои се опфатени со одлуката. Додава дека на Владина седница, за дел од нив можно е и да има корекции.