Големи пожари беснеат во Грција и во Турција. Во Грција досега загинаа две лица, а во Турција осум.
Пожарите во моментов се катастрофални во јужниот дел на Европа, а ги има и во Македонија.
Еден од загинатите во Грција е пожарникар, на кој северно од Атина паднал столб за електрична енергија. Другата жртва е Константинос Михалос, претседателот на трговско-индустриска комора на Атина. Бил пронајден без свест во близина на пожарите. Починал од срцев удар.
Во грчкиот главен град паѓа пепел, а целиот град мириса на чад. „Затворете ги сите прозори и не излегувајте“, апелираат властите од Атина.
„Ако не успееме да ги ставиме пожарите под контрола, ќе имаме проблем“, рече заменик гувернерот на атинската област Василик Кокалис, задолжен за цивилна заштита.
Кокалис додаде дека се уапсени три лица за подметнување на пожарите. Оганот гори на островот Евија, и во близина на Олимпија и Спарта на полуостровот Пелопонез каде што се спроведени масовни евакуации.
Доаѓа и застрашувачка снимка од евакуација на лица од Евија, која покажува како лицата од траектот ја гледааат стихијата која ги опкружува.
Критично е и во Турција. Повеќе од 5 илјади пожарникари се борат со пожарите на западот на Турција, каде што 13 пожари се надвор од контрола.
Турција со оганот се бори повеќе од 11 дена. Пожарот гори во близина на егејското подрачје, а еден во црногоморскиот регион.
Турските пожари се гасат со 80 хеликоптери и канадери, и дронови и илјадници возила.
