Катица, Јанева и Стевчо Јакимовски од Македонија се нови лица на црната листа на САД. Друштво им прави и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово Џабир Жарку.
Стејт департментот на САД го објавува јавното именување на поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева, актуелен градоначалник на Карпош, Северна Македонија, Стевчо Јакимовски и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку.
„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“, велат од Стејд Департментот.
За Катица Јанева се пишува дека „во својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност“.
Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.
Амбасадорката на САД Ангела Агелер изјави дека денешнoто означување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат.
„САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција. Народот на Северна Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции за да се запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата“, вели Агелер во изјават што ја објави Амбасата на САД.
Во неговото службено својство како градоначалник на општина Качаник, Косово, Жарку беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата позиција за мешање во процесите на набавки за незаконски да дозволи изградба на имот во сопственост на општината, за да има корист за себе и за неговите соработници.
„Овие ознаки ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“, додаваат од Стејд Департментот.
Освен посочените лица, на црната листа се додаваат и членовите на нивните семејства.
„Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски, Жарку и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД“, додаваат од Стејд департментот.
