„Казните не им се проблем на газдите“ – Следуваат поригорозни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 1-ви до 14-ти јуни од 220 надзори, констатирани се 30 прекршувања на законот кај деловни објекти.

„Казните се движат ако не ја водел евиденцијата согласно правилникот во распон од 400 –тини до до 5000 евра во денарска противвредност за правно лице и од 30 евра до 300 евра за одговорното лице во правното лице. Доколку евиденцијата не се наоѓа во трговијата имаме поблаги казни кои се движат од 60 до 800-тини евра за правно лице и од 20 до 200 евра за физичко, но тоа подразбира дека подоплнително тргвецот мора да ја достави евиденцијата во трговија з ада се направи целосна контрола“, вели Анета Симеска Димовска.

По донесувањето на одлуката на 14-ти овој месец со која се ограничија маржите на одредени прозиводи на 5 и 10% инпекција повторно извршила надзор, со што констатира видно намалување на маржите на цените, особено кај тестенините, оризот и јајцата.

За шест дена се извршени 140 инспекциски надзори, а неправилности се констатирани кај четири субјекти, заради тоа што евиденцијата не се наоѓала во деловниот објект и не е достапна на инспекциските органи. Според Димеска казните очигледно не им се пробем на трговците да ги платат, па во иднина се планираат поригрозни мерки за да нема драстично покачување на маржите.

„Согласно ова не мжеме да имаме мерка затворање, но со новите измени на законот ќе има и такви мерки, но се уште не се стапени на сила. Тоа е по друг основ по закон за потрошувачи“, посочи Анета Симеска Димовска.

Затворањето на деловните објекти кои го прекршуваат законот го најави и министертот Бектеши, но овој предлог- закон  на Министерството за економија беше изгласан во Влада,  и ќе чека во Собрание да стапи на сила.