Ќе постапи ли РСМ како Англија? Пановски: Сертификатите за вакцинација не дадоа ефект

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Англија веќе нема да се бара сертификат за вакцинација против ковид за влез во разни објекти, а од следниот четврток Англичаните не мораат да носат маска. Премиерот Џонсон одлучи да ги укине анти-ковид рестрикциите бидејќи смета дека пикот на бранот е достигнат а бројот на новите случаи е намален. Но дали тоа ќе се случи и кај нас? Веќе 5 месеци невакцинираните граѓани не можат да влезат во угостителски објекти и трговски центри.

Микробиологот Никола Пановски и други лекари сметаат дека мерката не е корисна. Пановски вели дека е апсурдно да се ограничува слободата на движење на здравите луѓе. Тој смета дека треба да се укине и мерката за сертификат за вакцинација на граничните премини.


Професорот Пановски ја става под знак прашалник оригиналноста на документите за имунизација. Вели дека граѓаните ги фалсификуваат.


ТВ21 во врска со ова побара став и од министерот за здравство, Беким Сали, но тој не ни одговори дали размислува за укинување на актуелните или воведување нови анти-ковид мерки. За друг медиум, Сали рече дека е уште рано да се зборува за укинување на мерките за невакцинираните, бидејќи процентот на имунизација во нашата земја е низок во споредба со земјите каде е укината оваа мерка.

СЗО побара земјата да размислат за укинување на сертификатите за вакцинација при патување во други држави, бидејќи како што велат, мерката не влијаела во спречување на ширењето на нови соеви. Инаку КЗБ по денешниот состанок излезе со предлог, изолацијата на позитивните пациенти, од 10 да се намали на 7 дена.