По сончевото време следува невреме: УХМР најави пороен дожд и грмежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Т=340. Р=991hPa. U=20%. V=2 m/s. UV index=6

Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.