Ќе се носи препорака за трета доза вакцина и за граѓаните под 60 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наскоро ќе биде донесена препорака за трета доза на вакцина и за граѓаните под 60 години, односно за оние кои се во ризик да заболат од коронавирус.

„По препорака на комитетот на имунизација, освен граѓаните над 60 години да добијат трета доза вакцина, ќе може да добијат трета доза и било кои други граѓани, а се во ризик во согласност од типот на работа, кај кои е поголем ризиокот да заболат. Ова е препорака која ја следат сите други европски држави и САД“, рече Филипче.