Ќе се тестираат вработените и другите пациенти – во старскиот дом во Битола бројката на заразени се искачи на 12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, бројот на заразени со коронавирус се искачи на 12.

Викендов од овој објект беа дијагностицирани 10 заразени, откако претходно во петокот имало 2 случаи на коронавирус.

Епидемиолозите се на терен, и веќе земаат брисеци за вработените, и останатите пациенти.

Неколку од вработените кои имаат симптоми се веќе дома во самоизолација, но и ти ќе се тестираат, со што бројката може да се зголеми.

Веќе е забранет влезот за невработени лица, како и за семејствата на пациентите. Во меѓувреме на инфективното одделение во Битола, почина 78-годишно лице како компликации од коронавирус.

Во хосписот по појавата на пандемијата на коронавирус забранет е влезот за невработени лица, како и за членови на семејствата на згрижените пациенти.

Овој хоспис е испостава на ЈЗУ Геронтолошкиот завод од Скопје. Има капацитет од 70 легла, а дел од згрижените лица се неподвижни.