Кешетовиќ: ниедна афера не е завршена докрај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аферата со прислушувањето во Македонија  го наметнува прашањето дали истата ќе се истражи  до крај, рече  Продеканот  на Факултетот за безбедност при Белградскиот Универзитет Желимир Кешетовиќ. Многу афери се отворени на овие наши простори вели Кешетовиќ, но ниту една не е завршена до крај.

“Во нашите држави има многу простор да се работи на тоа. Во Англија тоа тешко може да се остави доколку се случи. А, ако се случи се формира анкетна комисија и работите се истражуваат до крај. Но, јас се плашам дека во нашите држави, ние немаме капацитет да ги истражиме работите до крај. Многу афери се отвораат ниту една не се испитува до крај па веројатно така ќе биде и со оваа”.

Според професорот од Белградскиот Универзитет граѓаните не треба да живеат во страв дали се уште се прислушувани. Тоа, како што потенцира Кешетовиќ е работа  на цивилната контрола и на тоа колку таа има влијание над тајните служби. Професорот од Белградскиот Универзитет даде кратка  анализа за вчерашните коментари  од грчкиот весник Катемерини. Весникот објави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас не сакал да соработува со Македонија и да разменува информации за кризата со мигрантите.

Како што пренесе Катемерини, во моментот кога се дискутирало за соработката меѓу двете земји, Ципрас го напуштил состанокот за да оствари телефонски разговор со Атина. Однесувањето  на премиерот на Грција е многу лошо рече Кешетовиќ.

“Тоа е многу лошо , треба да се разговара за тоа, едноставно премиерот нема право да се однесува како навредено дете. Особено кога станува збор за сериозни прашања. Тоа е многу лоша тактика и лош манир. Треба да се разговара и да се биде отворен за предлози и да се има разбирање за другиот”.

Според професорот од белградскиот универзитет, нема простор за компромис кога се работи за долгогодишниот спор меѓу двете земји.

“И тука нема простор за компромис. Грција доколку има искрени намери и доколку се залага за европски вредности би требало да има повеќе разбирање за Македонија Лично мислам дека единствено решение за сето ова е конфликтниот регион од Западниот Балкан, сите заедно да влеземе во ЕУ и под европска капа да ги решаваме отворените прашања”.

Само под европска капа сите конфликти во земјите од Западниот Балкан би биле помалку важни истакна Кешетовиќ