Кичево, мини фабрика за бетон среде населба – жителите се жалат дека секојдневно има прашина и бучава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите од населбата Горно Пашино во Кичево мака мачат со една мини фабрика за производство на бетон која е многу блиску до нивните куќи. Тие велат дека веќе 5 години се создава прашина, песок и бучава од машинеријата.

Жителите неколку пати побарале од надлежните општински органи да преземат мерки, но до сега не наишле на слух.

„Имаме проблем со оваа бетонска база кој прави голема бучава и прашина и не е добро за населбата и за сите бидејќи многу ни наштетува. Бараме решение и како единствено решение ги гледаме медиумите“, вели жител.

Жителите велат дека поради прашината и бучавата не можат да ги остават децата во двор. Мораат преку ден да ги држат затворени дома.

„Се крева голема прашина и има голема бучава што може да влијае на слухот кај децата, бидејќи е голема бучавата и со еден збор многу ни пречи. Во светот не постои бетонска база во близина на куќите на 50 метри оддалеченост, дури и поблиску може да измерите“, додаде жител.

Жителите покажаа документ со кој Градежниот инспекторат во 2017 на оваа компанија работите биле ставени во прекин поради непоседување дозвола.

ТВ21 го контактираше сопственикот на компанијата но тој не сакаше да коментира во всрка со реакцијата на жителите, само рече дека поседува дозвола.

Законот за животна средина предвидува ваквите компании да поседуваат интегрирана дозвола Б за да потврдат дека не ја загадуваат животната средина и не ја оштетуваат околината каде што работат.

ТВ21 во текот на утрешниот ден ќе побара одговор од надлежните институции за да види дали оваа компанија поседува интегрирана дозвола Б.

Инаку во оваа населба има и една друга превозна компанија, чии камиони исто така создаваат прашина и кал.