Општинскиот градежен инспекторат во Кичево минатата недела излезе на терен и ги прекина работите кај две згради и уште еден објект, бидејќи според информациите на ТВ21 не се почитувани правилата за градба и се констатирани повеќе неправилности.
Од Градежниот инспекторат Кичево велат дека е надмината висината кај сите три објекти, постапувајќи спротивно на одобрението за градба.
Од инспекторатот ни рекоа дека поставиле лента за стопираање на работите, но кај споменатите објекти, не ги видовме. Не дека немаше лента, туку видовме додека работите продолжиле повторно.
ТВ21 побара став и од Државниот градежен инспекторат, од каде директорот Зухејр Реџепи рече дека се запознаени со случаите и дека следната недела се очекува да излезат на терен за да ја проверат фактичката состојба.
Информациите на ТВ21 укажуваат дека има и други објекти кои не ја почитувале висината на зградата од три или повеќе ката.
