Кичево, населбата Ново Другово запоставена – за Дехари беше приоритет, но до сега никакво поместување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Барањата на жителите на населбата Ново Другово во Кичево за подобра инфраструктура, но не наидуваат на слух. Иако е на само 2км од градот, тие мораат да се движат по улица со камења, без канализација и без јавно осветлување. Станува збор за улица од 1 км која треба да се асфалтира. Во февруари Тв21 известуваше за овој проблем и од општината ни рекоа дека оваа улица е приоритетна и дека ќе биде направена. Жителите револтирани велат дека до сега никој не ги посетил.

„Ние замолуваме да дојдат од локалната самоуправа, да нè посетат и да нè прашаат, што ни треба, што треба да преземат, се ближат изборите, треба да имаме волја за да излеземе на овие избори и да гласаме за тој кој што ќе не посети и услужи, независно од која политичка партија е“, вели жител.

„Тешко ни е, улицата е во лоша состојба, има камења и кал и тешко се движиме со автомобил. Мојата куќа е изградена пред 7 години. Оваа улица пред исто толку а не е средена, нема асфалт, а местото е урбанизирано, ги имаме платено комуналните такси, и дозволите за градба“, посочи жител.

Жителите плаќаат и за улично осветлување,а улично осветлување немаат.

„Има 7,8 години како живееме овде, плаќаме за јавно осветлување а немаме осветлување, отидовме и во Општина порано, ни рекоа одете во градот таму имате осветлување. Ние им велиме дојдете од градот видете како е овде, како е без осветлување, како изгледа оваа населба, да ти кажам искрено на децата и на возрасните навечер им е страв“, посочи жител.

Оваа населба нема имотно – правен проблем, сите 50 куќи се легални и плаќаат комунални такси. Во меѓувреме Општина Кичево овие месеци изгради неколку улици и улички низ кичевските села, како во Зајас, Бериково, Папрадишта, Лешница, Шитово, улица во населбата 22 Декември итн..