Ова е кичевското село Попојани. Има инфраструктура и плодна земја, но најголем проблем е иселувањето. Во ова село со постојано место на живеење се 90 жители, а евидентирани се 450, што значи дека најголем дел од жителите си заминале. Во ова село нема јавен или приватен превоз, а живеат само постарите. Најлошо е што нема ни продавница за набавка на најосновните работи. За да купат леб, треба да патуваат со автомобил до најблискиот град или село.
„Никој, носи тој од Призрен, поминува кај училиштето и застанува тука, кој го сретнува зема леб, кој не го сретнува ништо, само постарите сме останале овде, имам една роднина таму, џабе. Имаше помалку куќи, но имаше повеќе луѓе, стока, животни, коњи, многу луѓе имаше, пареевме муабет, имаше многу млади луѓе, сега нема, гледаш некој млад овде? Нема!“, вели жител.
Иселувањето го испразни селото, вели еден друг жител. Иако имаат машинерии и услови за работа, нема кој да работи.
„Моментално како сите Албанци, маката со печалбата е катастрофална, останаа само неколку стари лица, нема ниту продавница, нема каде да се купи леб. Но како село има и инфраструктура и се, има и плодна земја но нема луѓе“, додава жител.
Селото порано било познато по спортот, како и по Реџеп Елези кој добил медали на државно ниво и секогаш бил прв.
„Имаше фудбалска екипа „Теута“ имаше мали турнири, имаше и можности, беше село кое се спомнуваше за дадените можност, а меѓу нив беше и мојот роднина Реџеп Елези на високо ниво, имаше добиено многу медали“, порача жител.
Главната улица е асфалтирана од самите жители, исто како и канализацијата. Но во текот на летната сезона недостигот на водата за пиење е видлив посебно поради доаѓањето на печалбарите.
