Кичевскиот базен сè уште незавршен – ветено за 18 месеци, поминаа 25 месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој затворен базен би бил прв од ваков тип во Кичево, но се уште не е завршен. Рокот за реализација беше 18 месеци. Камен-темелникот беше поставен во февруари 2020 година, па до летото 2021 година требаше да биде во функција.

„Пред две години, во февруари 2020 година, претставници од Агенцијата за млади и спорт, градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари со неговиот кабинет и министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од неговиот кабинет дојдоа  во Кичево и го поставија камен темелникот за изградбата на затворен базен овде во Кичево, рокот даден од директорот на Агенцијата за млади и спорт беше 18 месеци до завршување, можеби и порано, но иако поминаа цели две години, од овој базен е изграден само објектот т.е. . е во фаза на карабина и ништо друго“, вели репортерот на ТВ21.

 Вредноста на проектот е 43 милиони денари. Финансиран е од Агенцијата за млади и спорт, чиј заменик директор Амир Биљали, за доцнењето и истекувањето на рокот за реализација изразува огорченост од компанијата која ги изведува работите.

„Од фирмата што ги изведува градежните работи  сме информирани дека е во фаза на монтажа на страничните панели на конструкцијата. Поради одредени проблеми кои се појавија при реализацијата на изградбата, имаше доцнења во навремената реализација на оваа капитална инвестиција. Сите обврски од Агенцијата за млади и спорт се исполнети и нема доцнење во реализацијата на проектот. Исто така, како институција што ја реализира капиталната инвестиција, изразуваме огорченост за доцнењето во работата на компанијата што ја реализира изградбата на базенот во Кичево, бидејќи оваа инвестиција е од особено значење за Кичево“, вели Амир Биљали.

Пред две години на поставувањето  на камен-темелникот на овој проект присуствуваше министерот за економија Крешник Бектеши кој базенот го нарече инвестиција каква што му недостигала на Кичево, додека заедно со градоначалникот Фатмир Дехари ветија дури и побрза реализација од предвидениот рок за тоа.

„Тоа е инвестиција која и недостигаше на општина Кичево, но во исто време се испраќа порака дека вакви објекти од значење особено за младите во нашата земја не се градат само во Скопје“, вели Крешник Бектеши.

„Во неговиот заклучок, како што напомена директорот, со предвидената  динамиката, по 18 месеци, можеби и порано ќе биде во функција“, истакна Фатмир Битиќи.

И со сето ова доцнење  до сега, најверојатно ни летово кичевци нема да можат да се разладат во овој базен.