Ким Кардашијан за улогата во популарната хорор серија: Забавно е, земам часови по глума

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 12-тата сезона на American Horror Story ќе глуми и Ким Кардашијан. Иако со години е пред камерите, Ким посериозно се подготвува за оваа улога.

Таа е возбудена

„Почнуваме да ги снимаме моите сцени на крајот на овој месец. Но, продукцијата веќе започна и јас сум многу возбудена“, изјави таа за Variety. “Навистина е забавно да излезете од вашата комфорна зона, да пробате нешто ново и да растете. Возбудена сум поради тоа искуство”, додаде таа.

На прашањето дали зема часови по глума, Кардашијан одговори: „Да, секако. Тоа е предизвик и сакам да се предизвикувам себеси“.

Фановите го критикуваат шоуто затоа што Ким ја доби улогата

Фановите на серијата не беа воодушевени од веста дека Ким Кардашијан ќе глуми во новата сезона, а вакво мислење го дели и Пети ЛуПоне, која се појави во третата сезона на American Horror Story. Таа верува дека Кардашијан презеде улога наменета за вистински актер. Сепак, Ким ја има поддршката од креаторот на серијата.

„Ким е меѓу најголемите и најпаметните телевизиски ѕвезди во светот, и ние сме воодушевени што ја пречекуваме во семејството на American Horror Story. Ема Робертс и јас сме возбудени што работиме со неа. Хали Фајфер напиша забавна, елегантна и на крајот застрашувачка улога особено за Ким, а оваа сезона е амбициозна и не наликува на ништо што сме го правеле досега“, изјави Рајан Марфи.