Кина ја зафатија големи поплави, десетмина загинати, има и исчезнати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку девет лица загинаа во градот Меизу во провинцијата Гуангдонг, а уште шест се водат како исчезнати поради поплавите што го погодија јужниот дел на Кина.

Гуангдонг го подигна својот план на одговор при итни случаи на второ, највисоко ниво. Се очекува умерен до обилен дожд да продолжи во петок и да трае до понеделник во средниот и долниот тек на реката Јангце, најдолгиот воден пат во Азија, соопшти кинеската Централна метеоролошка станица.

Во неколку области во следните две недели може да врне повеќе дожд, соопшти Националниот метеоролошки центар. Властите во Гуилин, голем град во Гуангкси во југозападна Кина, вчера вклучија „црвено“ предупредување за поплави, објави денеска Чајна дејли.

Железничките линии во некои области се прекинати, а некои линии ќе бидат променети.