Кина: Три минути пауза во спомен на жртвите од коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кина стапи во мирување со цел оплакување на пациентите и медицинските здравствени работници кои починаа од коронавирусот, пренесува АФП.

Во најбројната земја во светот денеска настана три минутна тишина на територија на цела земја.

Денеска во 10 часот, според локално време, сите граѓани застанаа.

Автомобилите, aвтобусите, возовите и бродовите ги притиснаа свирките, а воздушните сирени одекнаа во знак на сеќавање на повеќе од 3.000 жртви во земјата.

Во Вухан, градот каде што за прв пат се појави коронавирусот кон крајот на 2019 година, се слушаа само сирени и свирки, додека пак граѓаните молчеа.

Персоналот од болницата „Тонџи“ излезе надвор и со наведнати глави, облечени со заштитни костуми кои станаа симболн на кризата ширум светот, се поклонија.

„Се надевам дека ќе можат добро да се одморат во рајот“, изјави медицинска сестра.

Националните знамиња беа спуштени на половина копје низ целата земја, вклучително и на плоштадот Тијананмен во главниот град.