Кога ние ќе ги фрлиме маските?! – Јуни или јули?, Филипче вели можно е

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Целосно вакцинираните лица можат да се среќаваат во затворен простор без да носат маски или да држат дистанца објави Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

 -Дојде времето да им се каже збогум на маските- изјави  унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека маските повеќе нема да да бидат потребни на јавни места.

Шефот на француската држава Емануел Макрон побара продолжување на вакцинацијата против Ковид-19 и повика да не се прекинува со почитување на мерките „пребрзо“ пред да може да се престане со носење маска.

Според проценката на Макрон, Французите сепак треба да ја „чуваат маската“ и тоа „барем до крајот на јуни“.

–Како и вам, така и мене ми е преку глава од маската, рече тој.

Во Црна Гора граѓаните ќе ги симнат маските на отворено. Мерката за укинување на одредбата за маски на отворено ќе важи од сабота до 28 мај. Епидемиолошката состојба е на ниво од јули лани.  Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 луѓе на истото место.

Во Србија се очекува  граѓаните летово да бидат ослободени од обврската да носат маски.

 Обврската за носење маски на отворено и во затворен простор остануваат во Грција.Додека Грците генерално се придржуваат до обврската да носат маски затоа што многу од нив веќе добиле казна од 300 евра, загрижувачки е што се повеќе туристи ја игнорираат. Според епидемиолозите, маските ќе бидат задолжителни насекаде, освен на плажите и тоа најверојатно до крајот на септември.Полицијата е немоќна пред корона забавите кои со учество на најмалку илјада млади луѓе без маски се организираат на плоштадите во Атина, во Солун, Патра, на островите…

На улиците на Стокхолм, преку Копенхаген, Осло или Хелсинки, дури и во супермаркети, канцелариите, јавниот превоз, тешко е да се видат луѓе со заштитни маски, а нив ги носат многу мал број, честопати и туристите.

По претспоставката дека во јуни и јули е можно да стекнеме колективен имунитет, го прашавме министерот Филипче дали тоа значи и симнување на маските?

„Можно е…Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1- ви јуни“, вели Венко Филипче.

Маските станаа задолжителни со самиот почеток на пандемијата минатата година во март, како главно средство за заштита од истата и во затворени простории и на отворено.