Фудбалската јавност на Црна Гора и цела Европа утрово беше шокирана од веста дека на 26-годишна возраст почина младиот црногорски репрезентативец Матија Шаркиќ.
Шаркиќ неодамна ги воодушеви фудбалските фанови со брилијантните одбрани на пријателскиот натпревар против Белгија во Брисел.
Неговиот одличен настап не остана незабележан, а шпанскиот спортски весник „Марка“ во извештајот по натпреварот ја истакна неговата извонредна игра, нарекувајќи го „ѕвездата“ која ги запре „ѓаволите“.
Иако настапи против Белгија, Шаркиќ отсуствуваше на следниот натпревар против Грузија во Подгорица, што предизвика загриженост кај навивачите и членовите на тимот. Како причина за смртта се наведува дека му се слошило.
Саркиќ професионалната кариера ја започна во Андерлехт, а низ годините ги бранеше боите на клубови како Виган, Астон Вила, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрусбери, Бирмингем, Милвол и Стоук.
Тој играше девет пати за црногорската репрезентација, а дебитираше во 2019 година на пријателски натпревар против Белорусија.
Веста за неговата прерана смрт ја потресе фудбалската јавност, а многумина се простуваат од голманот кој остави длабока трага на теренот и надвор од него.
Саркиќ е роден во Англија, а со оглед на тоа што татко му бил дипломат во Брисел, поминал низ младинската селекција на Андерлехт, а во 2015 година потпишал за Астон Вила. Бранеше и во Виган и Хавант како позајмен играч на клубот од Бирмингем …
