Кој ги разрешува директорите?! Николовски: Разрешивме повеќе отколку што побара Антикорупциска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државната комисија за спречување на корупцијата од своето основање во февруари 2019 до денеска покренала 58 иницијативи, од кои 31 за корупција, а од нив е постапувано за 18 иницијативи. Другите се разгледуваат или се отфрлени. Потпретседателот на Антикорпциска, Нури Бајрами за ТВ21, вели дека не сите покренати иницијативи се надлежност на Владата, алудирајќи дека погрешно е разбрана неговата изјава, дека Владата ги отфрлила сите иницијативи на Антикорупциска. Бајрами вели дека тие не се надлежен орган за разрешување на директори или други функционери.

„Ако е преземено некакво дејствие на наша иницијатива, главно е преземена од други причини и се имаат случено одредени разрешувања, како во 2019, за волја на големиот аларм во врска со прекршувањата при вработувања, конкретно со непотизам, клиентелизам. Тие одговорности не се преземени на наши барања, бидејќи ние не патиме од комплекс дека по секоја цена мора да не послушаат. Нашата цел не беше репресивна. Целта на Комисијата беше да алармира за одредени слабости кои треба да се елиминираат и да се превенираат при постапувањето според истите процедури“, вели Нури Бајрами.

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во врска со прашањето дека Владата не ги прифатила иницијативите на Антикорупциска, рече дека се разрешени повеќе директори отколку што побарала оваа институција.

Инаку во годишниот извештај на Транспаренси интернешнал,Северна Македонија е рангирана на 111 место што претставува пад споредено со минатите години на листата за индексот на перцепција на корупцијата. Токму од овие причини ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ.