Ветеринари од целиот Балкан се собраа во Охрид за да разговараат за новите предизвици и можности кои се нудат во оваа професија. Постојан проблем е како да се поттикнат младите да ја продолжат оваа професија, бидејќи малку студенти се одлучуваат да студираат на оваа насока.
Исто мислење имаат и ветеринарите од Бугарија, Косово и Србија.
„Последните години поради движењето на луѓето бројот е многу мал но, треба и ние како ветеринарна комора и факултетот за ветеринарство да направиме повеќе за да нудиме подобри можности за студентите бидејќи и условите во факултетот прават тоа да не биде прв избор“, вели Арсим Адеми.
„Слаба заинтересираност но повеќе има и економското влијание поради работните услови, работата надвор од работното време, немањето на одредено работно време и тоа влијае заинтересираноста за оваа професија да биде толку мала“, вели ветеринар од Бугарија.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека интересот е слаб и се обидуваат да ги поттикнат младите да се заинтересираат за оваа професија.
„За жал, интересот е намален бидејќи сите сакаат да одат на запад и бараат подобар живот, но ќе се трудиме да работиме за да има поголем интерес за професијата ветеринарство“, порача Денис Алити.
Намалувањето на заинтересираноста за оваа професија дојде и како резултат на ниските плати кои ги имаат ветеринарите.
