Кој ќе реагира прв – ДУИ или АА? Се „За“ бришење на 20% но не преземаат ништо за да го направат тоа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Која од албанските партии ќе се покаже повредна за да ги иницира уставните измени за бришење на дефиницијата 20% од Уставот? Ељми Азири од Алијанса за Албанците, уверува дека ќе ја следат политичката состојба и во вистинско време ќе преземат чекори по ова прашање.


-Во моментот кога ќе имаме сигнали и ќе процениме дека има подготвеност и од другите субјекти, не само декларативно, за да се направи ова, секако дека ќе преземеме чекори. Мислам дека прашањето треба да се третира со максимална сериозност, бидејќи станува збор за невидена навреда на голема категорија граѓани, како што се Албанците во Северна Македонија. Ние не треба да бидеме предмет и да се фатиме во нечие оро, вели Азири.

Бришењето на 20%, термин со кој се дефинираат Албанците, е големо прашање и може да се реализира само од големи и сериозни партии, рече за ТВ21 координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.


-Опозицијата бара теми за свој политички опстанок и креира лажен и погрешен впечаток во јавноста, дека наводно можат да се соочат со големи прашања, но и тие се свесни дека ова и други поголеми прашање се залак кој не можат да го голтнат, бидејќи немаат капацитет да спроведуваат важни и големи политики, вели Адеми.

Меѓутоа, ниту ДУИ, како најголема албанска партија нема конкретен план – кога ќе покрене иницијатива за уставни измени.


-Убедени сме дека во првиот момент кога ќе се отвори Уставот, во однос на унапредувањето на правата на заедниците во земјава, вклучувајќи ги тука на прво место Албанците, такво нешто ќе биде постигнато, рече Адеми.

Пред неколку дена од Движење Беса за ТВ21 рекоа дека како партија најпрвин ќе свикаат средби меѓу албанските политички партии со цел унифицирање на став околу прашања кои се заедничките приоритет на Албанците, а потоа, како што додаваат, ќе биде полесно да се преговара со македонските субјекти. За Алтернатива не е важно кој ќе иницира средба и додаваат дека уште од основањето на партијата се на став дека Албанците не треба да се третираат со проценти.