Жестока дебата во „Клик Плус“ во врска со тоа кој направи повеќе во оваа Влада за албанската култура, ДУИ или Алтернатива.
А.Л: Господинот Валмир или треба да даде оставка или да изјави дека не направиле ништо за албанската култура.
С.Р: Да, знаеме како функционира кај нас. Како може да направи тој кога прави министерот. Нека даде оставка, тоа е негово право. Јас не давам отчет.
А.Л: Вие ја негирате работата и вредноста на ДУИ во Министерството за култура.
ТВ21 го праша Државниот секретар за култура, Валмир Азири во врска со тоа.
Новинар: Која е улогата на ДУИ во Министерство за култура?
„Добро што се фалат сите и сме направиле дела за да се фалат сите. Со министерството раководат трите партии кои се во коалиција. Сите партии во Министерството за култура се во тотална координација меѓу коалициските партнери, инаку не може да функционира Министерството. Кој мисли дека Министерството може да функционира без државниот секретар и зм.министерот, тоа е смешно“, истакна Азири.
Во последно време и уметниците изразија незадоволство, како што е на пример Блерим Груби и Артан Кастрати, кои реагираа за малата сума која им беше доделена за нивните проекти. Азири вели дека секој конкурс има свои недостатоци и ги охрабрува уметниците да се жалат.
„Жал ми е што уметници од тоа ниво не се поддржани колку што тие очекувале. Јас ја користам можноста да ги повикувам да се жалат за одлуките кои ќе им ги испрати Министерството за култура, и потоа во втората фаза верувам дека нивните проекти ќе ја добијат потребната поддршка“, додаде Азири.
За издвоените средства од Министерството за култура, реагираше и ДПА, обвинувајќи дека овој ресор се претворил во место за вработување со договор на партиските милитанти на министерот Хисни Исмаили, кој доаѓа од редовите на Алтернатива.
„Објавувањето на резултатите на годишниот конкурс за финансирање на проектите со национален интерес за 2020 година, остава простор за сомнежи дека во текот на нивното издвојување на средствата има манипулација, фаворизирајќи проекти, чиј предлагачи се блиски со партијата или со соработниците на кабинетот на министерот“, посочи Садије Илјази.
Од Министерство за култура не сакаа да ги коментираат овие обвинувања. Кратко, секретарот на кабинетот на министерот, Фатон Фазлиу, телефонски рече дека не вреди да се одговори за ваквите обвинувања.
