Граничниот премин Белановце – Станчиќ се отвори, но партиите уште не успеаја да се договорат кој е заслужен за тоа. Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, на неговиот фејсбук профил напиша текст за отворањето на границата Белановце – Станчиќ, каде меѓу другото се вели „Сите пишуваат и се фалат за отворањето на граничниот премин“. “Некои рикаат, а некои работат“. Кој рика, Битиќи не одговори конкретно.
Граничниот премин Белановце – Станчиќ постои како проект веќе 10 години и беа потребни цели 10 години за да дојде на власт една владина коалиција предводена од СДСМ, за да стане реалност тој граничен премин, без разлика кои се коалициските партнери.
Фатмир Битиќи – советник за финансии во СДСМ
Битиќи бил еден од петте експерти и единствениот од Македонија кои работеле на овој проект, остварен со помош на Европската Унија преку ИПА Инструментот за прекугранична соработка со 1,2 милиони евра, како и со кофинансирање на Министерството за локална самоуправа на со 105 илјади евра. Тоа и самиот тој го напиша на Фејсбук.
И пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, на неговиот Фејсбук профил напиша:
Ние не зборуваме туку делуваме.
Мухамед Зекири – СДСМ
Но, коалициските партнери сметаат дека се заслужни за отворањето на овој граничен премин. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на неговиот Фејсбук профил напиша:
Ги тргнавме пасошите, ги обединивме границите, градиме патишта, стануваме 1. Гледајте ја радоста на граѓаните, масовното учество, тоа зборува за праведните политики на Али Ахмети и ДУИ.
Артан Груби – ДУИ
И вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, напиша дека отворањето на граничниот премин го има печатот на ДУИ.
Само со лична карта напишана на албански, први ја поминавме границата од Ликово во Гнилане! Секој успех на Албанците го има печатот на ДУИ!
Бухар Османи – вицепремиер
Потсетуваме дека отворањето и изградбата на овој граничен премин се одолговлекуваше со години. Граничниот премин Белановце – Станчиќ неколку години се користеше како мамка во изборните политички кампањи. Собранието на Македонија во 2013 година усвои договор за отворање на овој граничен премин. Патот кој води до граничниот премин е финансиран од владата а граничниот премин е поддржан од ЕУ.
