Кој центар го напаѓа ДУИ? – Мицкоски го повика обвинителството да го истражи изгорениот автомобил на Груби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политички-економскиот хибриден центар постојано ја напаѓа ДУИ. Вака вчера изјави новиот потпретседател на ДУИ, Бујар Османи. Според него, овој центар смета дека еднаквоста и губењето на монополите во Македонија претставува закана за државата.

„Генералниот совет го разгледа извештајот од Претседателот на партијата за информациите кои доаѓаат за постоење на таканаречен хибриден политички-економски центар кој во земјава е формиран од политички партиски центри, од некои економски и бизнис центри, кои оценуваат дека еднаквоста во земјата претставува закана за државата, губењето на монополите во земјата е закана за државата и тие се обидуваат главно да и направат штета на ДУИ  оценувајќи ја ДУИ како парадигма на еднаквоста во државата“, вели Бујар Османи.

Нападите кои ги спомена Османи се поврзани и со неодамнешниот инцидент на првиот вицепремиер Артан Груби. На 22 јули во раните утрински часови неговиот автомобил бил запален. Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ова го смета за криминален чин, но посомнително според него е тоа што автомобилот не бил регистриран на името на Груби.

Инаку чести обвинувања кон ДУИ имаше најмногу од македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Ова партија изрази сомнежи за купувањето на Т.Ц. „Соравија“ од страна на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во Македонија е креиран шпионски софтвер, а против тоа се НАТО и САД. Други обвинувања од ДПМНЕ стигнаа и за рудниците Иловица и Штука во Струмица, за кои велат дека нов сопственик е семејството Дестани од Тетово, кое според нив е блиско до ДУИ.