Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити е третиот гостин во ЕУ КЛИК на ТВ21. Ја објасни улогата на Црвениот крст во оваа пандемија.
-Ние се трудиме според нашите можности освен на граѓаните да им помагаме и на институциите на државата, како што направивме на почетокот на оваа криза. Малку сакав да се надоврзам со тоа претходно што разговаравме, за позицијата од која јас сум вечерва тука како раководител на една хуманитарна организација, се однесува и на темата што ја дискутираме. Убеден сум дека Европа и другите светски организации не беа подготвени за една ваква криза. Мислам дека многу евтино ја чинеше ЕУ решавањето на проблемот со бегалците да издвои 6 милијарди евра да и даде на Турција за да задржи 4 милиони луѓе таму, сега гледаме колку многу милијарди требаше да се потрошат за да се реши една криза како оваа. Научивме лекции од оваа ситуација кои се малку поразлични кои произлегоа од една сосема нова ситуација за светот, имајќи ги предвид зборовите кои ги кажав претходно и од аспект на економијата и тоа што подразбира солидаризирање на Европа, отворени граници итн…видовме дека европските држави почнаа една на друга да ги затвораат границите, всушност солидарноста почна некаде на средина на кризата, бидејќи на почетокот на некој начин не беа подготвени целосно, но и не ме зачуди тоа многу бидејќи имавме криза со невидени размери до сега, појава што до сега не ни се случила. До сега сме имале регионални феномени, во одреден дел од светот, или на друг континент итн…а другиот дел од светот можел да помогне и да се солидаризира, но во овој случај навистина бевме сведоци на една сосема поинаква ситуација. Верувам дека кога ќе заврши, сите ние, сега зборувам и за нашата држава како држава некои работи ќе ги научиме еднаш засекогаш, да не ги повторуваме грешките кои постојано ги правевме изминативе години, кога е во прашање нашето организирање и пристапот наш во однос на кризни ситуации. Верувам дека институциите, секоја треба да има своја улога која е со закон предвидена, нешто што г. Буџаку и на почетокот од разговорот го кажа, мислам дека треба да ја напуштиме праксата координативните тела , организациите или работните групи кои се формираат во ситуации ад хок, потоа да не постојат веќе…така што верувам да извлечеме поука како држава и како луѓе кои се занимаваме со оваа проблематика во иднина да градиме поефикасни механизми за соочување со кризни состојби. Верувам дека ние кои сме професионалци во таа област, тука се ставам и себеси, треба да понудиме решенија и предлози кои политиката треба да ги артикулира и претвори во законски решенија, кои во иднина ќе создадат поефикасни механизми од оние што ги имаме сега. Дај Боже оваа ситуација да не ни се повтори во иднина, но ние треба да сме подготвени бидејќи нештата понекогаш се неочекувани и не знаеме како ќе се одвиваат.
