Колабираше градскиот превоз, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По некоја 15-ка, 5-ка и 50А можеа да се забележат на најпрометната постојка во строгиот центар на градот. И оние автобуси што пристигнаа беа преполни за да ги соберат сите патници.

Скопјани, гневни и револтирани, атмосферата ја оценија како садизам.

АНКЕТА:

„Сега уште кој знае колку време ќе чекаме, значи секој ден е вака. По саат време чекаме и насабајле и во десет и накај седум, еве вака е… погледнете колку време стои 50-ката тука. Еве погледнете колку луѓе се качија. Ние стоиме тука ко идиоти. Како идиоти не третираат.“

„Два саата и повеќе нема автобуси. Не е држава ова, снимај… се во **** да одат. Покварени души се, само лопови има. Само лопови прва класа.

ТВ21: Кој автобус го чекате?

Кој и да чекам ниту еден нема.

„Садизам, погледнете ова не личи на ништо, од сабајле ништо и поручек. Ние со комшивката чекаме 3-ка, 15-ка, 23-иве ги нема. Ми се чини поради 23-киве што ги нема се прави хаос.“

Причина за ретките автобуси е недостигот на нафта. Од Град Скопје прстот го вперија кон премиерот Христијан Мицкоски. Градските власти обвинија дека Бирото за јавни набавки смислено им го поништил тендерот за набавка на гориво.

„ Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски… Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за првпат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио.“, велат од Град Скопје.

Претходно, од владејачката партија истакнаа дека единствен виновник за настанатиот хаос е градочалничката Арсовска која, како што реагираа, целосно го оставила на маргините јавното сообраќајно претпријатие. Во меѓувреме, сигурно е дека ќе сообраќаат 25-те автобуси кои користат гас. Досегашниот договор за набавка на гориво, кој веќе истече, беше склучен со компанијата „Пуцко петрол“, но неофицијално тие се во дилема дали воопшто да конкурираат на тендер зашто ЈСП им должело десетина милиони евра.