Колку долго може да ја чувате храната во фрижидер и на кој начин?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фрижидерите имаат долг рок на траење, но постојат одредени правила кои треба да ги почитувате за храната внатре во нив остане што подолго свежа.

Тие функционираат по принцип ладење, односно ги обработуваат намирниците на ниска температура.

За да се обезбеди константна температура, потребно е фрижидерот да го држите подалеку од шпоретот и од други извори на топлина.

Ова се некои од најважните работи на кои треба да водите сметка при ставање намирници во фрижидер:

Храната треба да ја поклопите за да се заштити од сувиот воздух во фрижидерот. На тој начин спречувате размножување на бактериите, и храната долго време ќе го сочува својот мир и вкус.

Свежото и обработено месо треба да се поклопи со фолија. Не треба да користите пластични кутии за чување на местото, затоа што во нив лесно се размножуваат бактериите. Свежото месо ставете го на последната полица, за да не капе на другите намирници.

Во случај да не го употребувате месото следните денови, совет е да го замрзнете.

Одмрзнатото месо смеете да го држите најдолго 48 часа после вадење од замрзнувач. Никогаш немојте да оставате храна во отворени лименки во фрижидер.

Подобро е да ги оставите јајцата во нивното оригинално пакување, отколку на вратата, затоа што температурате во нив е помала.

Топла храна во фрижидерот ја подигнува температурате, што е тло за развивање на бактерии. Никогаш немојте да ставате топла храна во фрижидер.

Јадењето не би требало да го држите повеќе од два дена во фрижидер.

Месото може да го држите 2-3 дена свежо, додека подготвено до два дена, а пилешко, мисиркино и риба само еден ден.

Сирењето може да остане свеж и една недела. Зеленчукот може долго да стои во фрижидер, додека овошјето исто така може да го чувате во фрижидер и ќе трае подолго.