Трошоците за живот се зголемени а пензионерите остануваат со ниски пензии. Последниве денови тие протестираат. Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во SummerClick рече дека не може да се споредува некој што работел 15 г и некој што работел 40г и да примаат иста пензија.
Министерката се согласува со фактот дека двајца пензионери не можат да живеат со 25 илјади денари а особено ако пензијата изнесува 12500 ден.
Во Македонија има 336 илјади пензионери. 27% од нив примаат пензија до 30 илјади демари. Повеќето пензионери се со пониски пензии споредено со минималната плата во земјава. Инаку нивното барање е линерано зголемување на пензиите за 3500 ден а минималната пензија да изнесува 18 илјади денари.
