Компаниите да исплатат К-15 – ССМ предупредува на строги мерки за работодавачите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повик од премиерот  до компаниите кои имаат можност–да исплатат К 15  за своите вработени. Потенцирајќи  дека предводи Влада која во фокусот ги става работниците, Заев истакна дека работодавачите треба да водат грижа за работниците оти тие се најважниот капитал  во државата.

„Законот и самите колективни договори регулираат дека кога компаниите покажуваат загуба тогаш нивната задолжителност паѓа, но имаме компании што оваа година ќе покажат загуба, но и имаат добра акумулирана добивка од претходните години или знаат дека веднаш загубата од 2020 има сериозен потенцијал да биде покриена во 2021 година“, рече Заев.

Деновиве и Синдикатот на работниците ги потсети газдите на приватните компании дека до крајот на годината треба да им исплатат К15 на своите вработени. Преку допис тие ги предупредија работодавачите да не ни помислат да не ја исплатат обврската или како што беше наведено во нивното соопштение да не помислуваат да ги бараат назад парите од К 15 бидејќи според нив за тоа работодавачот ќе може да заработи и казна затвор од една година

„Доколку работодавачот има финансиски импликации,таму има еден член каде стои, се повикува Синдикатот ,работодавачот му покажува врз основа на документ  издаден од УЈП или од други инстанци  каде ќе докаже дека навистина има финансиски импликации  и тогаш се потпишува спогодба со Синдикатот на помал износ но регресот мора да се исплати.“, изјави Дарко Димовски.

Од ССМ стигна и апел до работниците  на кои нема да им биде исплатен К15,  дека за ваков проблем можат да побараат помош од Синдикатот . Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината а износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесување на одлуката за исплата.