Компирот од Вејце еден од најбараните во Полог – се одгледува во планинските зони со природно ѓубриво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Компирот од ова планинско село, кое се наоѓа во најдлабоките предели на Полог, е прочуен по тоа што се одгледува со природно ѓубриво, што придонесува за неговиот квалитет и големата побарувачка на пазарот. Се вари брзо и има посебен вкус.

„Добра е  почвата. Сонцето грее и ги пече. Со најдобар квалитет е затоа што се одгледува со домашно ѓубриво. Ние сме целосно благословени што дивите свињи не ни наштетија. Бараат да купат на големо, но има проблем што некој ги зема од нива, ги продава како планински компири, и тука е разликата. Нашиот компир е многу добар, сув и кршлив, сварен за 15 минути“, вели Авди Арифи.

На настанот присуствуваше и заменик-министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети, кој истакна дека поддршката за земјоделците и промоцијата на земјоделските производи се приоритети за Министерството.

„Ние како Министерство дојдовме заради промоција не неколку наши проекти. Со проектот ИПАРД жителите од оваа зона добија поддршка од 2 милиона и 200 илјади денари, со важна опрема и нашата посета е за да им дадеме поддршка, да го стимулираме земјоделството и да бидеме до нив. Тука сме и за Денот на тетовскиот грав и компирот од Вејце кој е еден од најпознатите производи од овој дел и целта е овие производи да ја добијат потребната вредност и да се ребрендираат“, вели Фљакрон Беџети.

На манифестацијата беа претставени и други традиционални производи како сирење и Шарски мед, придружени со разновидна традиционална храна.