Конечно и во Кичево почна вакцинацијата – ќе се вакцинираат лицата над 77-годишна возраст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вакцинацијата стартуваше и во Кичево. Ќе се вакцинираат лицата над 77-годишна возраст. Граѓаните најнапред пополнуваат формулар со помош на медицинските сестри, а потоа чекаат ред за вакцинација според претходно закажаниот термин. Овој граѓанин вели дека не стравува да ја прими вакцината.

Внатре го пречека лекарката која го праша за терапијата што ја зема и за неговото здравје.

По примањето вакцина, граѓаните остануваа уште 30-тина минути во близина на пунктот за вакцинација со цел да бидат поблиску до лекарите во случај ако им некоја нус-појава. По половина час, рекоа дека се чувствуваат добро и дека немаат никакви болки.

Лекарката која ја водеше денешната вакцинација во Кичево, рече дека сѐ тече согласно правилата и термините, додавајќи дека ниту еден граѓанин не се пожалил на нус-појави од вакцината.

Во вторник во Кичево пристигнаа 500 вакцини на „Астра Зенека“. Иако беше предвидено имунизацијата да почне в понеделник, сепак поради тоа што матичните лекари не успеале да ги изготват списоците, вакцинацијата денеска го означи стартот, а ќе продолжи и во наредните денови.