Конфликтите на Балканот се поддржани од Москва – НАТО ги поддржува партнерите во регионот да се справат со руско влијание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Замрзнатите конфликти кои се уште се присутни на Балканот се поддржани од Москва“, рече претставник на НАТО на брифинг со новинарите, додавајќи дека Русија се обидува да влијае на земјите во регионот, на штета на политичката стабилност и безбедносните прашања. Што се однесува до споровите на Балканот, министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ21 рече дека на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО ја истакнал важноста од постигнување на Охридскиот договор меѓу Косово и Србија, што, додаде, значи затворање на важно прашање на Балканот и отворање на патот за членство во ЕУ и НАТО.

„Во НАТО има 4 земји кои не го признаваат Косово, прашање што мора да се реши пред Косово да стане членка на НАТО. Секогаш во секоја презентација барам од земјите-членки на НАТО да продолжат и да го охрабрат процесот на приклучување на земјите од Западен Балкан, Босна и Херцеговина и Косово во НАТО, бидејќи тоа ја консолидира безбедноста и стабилноста на регионот, но сигурен сум дека со имплементацијата на обврските преземени од Охридскиот договор II меѓу Србија и Косово, овие членки на НАТО и ЕУ кои не го признаваат Косово, ќе го признаат и тоа потоа ќе го отвори патот за членство на Косово во НАТО“, вели Бујар Османи.

Руското влијание во регионот го спомена и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтемберг.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите партнери во соочувањето со притисокот од Русија, вклучувајќи ги Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина“, вели Јенс Столтенберг.

Покрај историскиот момент за полноправно членство на Финска во НАТО, во овие два дена од состанокот на министрите за надворешни работи беше кажано и дека Шведска треба што поскоро да влезе во НАТО. На состанокот на комисијата НАТО – Украина беше договорено продолжување на воената поддршка на Киев како неопходност за да се издржи руската агресија. А за зајакнување на самото НАТО, министрите зборуваа и за буџетот за одбрана.

„На Самитот во Вилнус очекувам сојузниците да се договорат за нова амбициозна заложба за 2% од БДП како минимум, а не максимум“, вели Јенс Столтенберг.

Во поопасен и понепредвидлив свет, уште појасно е дека безбедноста не е регионална, туку глобална, рече Столтемберг на средбата што ја имаше со индо-пацифичките партнери на НАТО: Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија, за што рече дека останувањето заедно како партнери е уште поважно кога ќе се види дека Кина и Русија секојдневно соработуваат се повеќе. Следниот состанок на НАТО е во јули, на Самитот во Вилнус, Литванија. Бесир Арифи, ТВ21, Брисел.