Нешто по 12 часот беше отворена конститутивната седница на 10-от по ред собраниски состав.
На почетокот е формирана Комисија за верификација на мандатите со која претседава Јагода Шахпаска.

Додека работи Комисијата, претседателот на Собранието, Талат Џафери прогласи 30 минутна пауза, а новите пратеници ги замоли да не ја напуштаат салата во големата купола каде се одржува седницата поради безбедносни причини од ковид-19, а им порача и времето да го искористат за меѓусебно запознавање, но со задолжително одржување на физичка дистанца.
