Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата на градот Тел Авив, што е прв таков концерт од избивање на пандемијата.

Играјќчи на трибината, петстотини воодушевени посетители со заштитни маски го следеле концертот на Иври Лидер на фудбалскиот стадион во Блумфилд, пренесува „Хина“.

„Се надеваме дека ова е почеток на времето кога ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот“, рече Реут Гофер.

За да можат да влезат на концертот, посетителите требало да покажат доказ дека се вакцинирани со двете дози на вакцината „Фајзер“.

Во Израел повеќе од пола население ја примиле барем првата доза на вакцината, а на почетокот на февруари постепено се излегуваше од третиот карантин.