Специјалистот за односи со јавноста Бојан Кордалов во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека потребно е да се има доверба во процесот за дигитализација.
„Мора да разбереме дека за нас се работи, не само што ќе бидеме заштитени од коронавирусот, туку во исто време ако се дигитализираме во оваа смисла ние ќе ги убрзаме процесите и ќе ја спасиме економијата, затоа што многу работи ќе беа подобри пред овој прв пик на корона доколку ние навистина имавме подготвеност да бидеме онлајн“, посочи Кордалов.
Тој додава дека можноста луѓето од дома да се обратат кон некоја институција, да извадат некаков извод или пак да нарачаат нешто онлајн е придобивка.
Целото интервју можете да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
