Околу 8 000 работни места ќе се отворат со изградбата на коридорот 8, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими. Според него има разновидни економски влијанија од изградбата на коридорот 8.
Директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, вели дека другите проекти кои се во постапка нема да бидат оставени настрана поради тоа што за изградбата на Коридорот 8 и 10Д е предвидено да се формира посебен тим за експропријација и други постапки.
Законските измени кои се прават за коридорот 8 се најдобрите и важат за сите други проекти од стратешки интерес. Овие измени, како што изјави министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, даваат добра можност за побрза изградба во фази.
Предвидено е Коридорот 8 да заврши во 2017 година, а власите се убедени дека коридорот 8 и 10Д ќе се изградат во предвидениот рок.
