„Корупција има бидејќи Судскиот систем не е ефикасен“ – бизнис секторот верува дека борбата со корупцијата е возможна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неефикасниот судски систем, индивидуи кои ја користат власта за да се збогатат, моралната криза во општеството како и неспроведувањето на законите се едни од причините што приватниот сектор ги наведе на прашањето зошто постои корупција, во анкетата спроведена од Стопанската комора, финансирана од УСАИД.

Дали верува дека бизнис секторот може да се справи со корупцијата?

Компаниите, како што беше речено, повеќе се соочувале со корупција кога имале работа со јавниот сектор, за случаи како процеси за издавање дозволи, одобрување, при царински постапки, тендерски постапки или во други процеси каде се опфатени судските и катастарските такси и други.