Нема општина во земјава без дивоградби, узирпирање на јавните површини, како и градби кои не ги задоволуваат критериумите. Ова е генералниот заклучок од панел дискусијата на тема „Корупција во урбанизмот и градежништвото“. Надлежните го вперуваат прстот кон политиката, како главен виновник.
На панел дискусијата организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“, не присуствуваа претставници на Државниот инспекторат за градежништво и на судовите кои, како што рекоа, соговорниците, не покренуваат постапки за решавање на овие проблеми.
