Костадинов: ДДВ-то за електричната енергија намалено од 18 на 5%, ги заштитивме семејните буџети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов одржа прес-конференција по повод вчерашното гласање во Собранието на ДДВ-то на електричната енергија кое се намалува од 18 на 5% до јули 2022 година.

„СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните и носи решенија кои обезбедуваат унапредување на животниот стандард.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.

И покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електрична енергија за домаќинствата.

Успеавме да ги заштитиме семејните буџети од зголемувањето на цената на електричната енергија.

Институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард.

За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а постојано инвестираме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина.

Четири години покажуваме како се работи одговорно, посветено во интерес на граѓаните и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина.

Затоа СДСМ го има најдоброто за граѓаните, најдоброто за економијата, најдоброто за нашата држава.