Костадинов: Избори во прв можен рок по завршување на вонредната состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ставот на СДСМ е избори во прв можен рок по завршување на вонредната состојба.

„Ставот на СДСМ е избори во првиот можен рок веднаш по завршување на вонредната состојба кога тоа ќе го препорачаат здравствените власти“, посочи Костадинов.

Во вечерашната дебата на ТВ21 гостуваат портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.