Фудбалерот Тихомир Костадинов по денешниот тренинг истакна дека ќе го дадат својот максимум.
„Имаме уште 90 минути, на пола пат сме. Ќе го дадеме својот максимум. Ќе „изгинеме“ на овој натпревар да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо“, вели Костадинов.
Тој додава дека ова е поинаков натпревар.
„Италија е екипа која игра повеќе тимски, додека Португалија е екипа која игра повеќе индивидуално, на свој индивидуален квалитет, но секако дека ни треба истиот мотив, истата желба, пожртвуваност и на овој натпревар и со доза на малку среќа да успееме да се радуваме и да си ја оствариме зацртаната цел“, додава тој.
Инаку, репрезентацијата во вторник игра против Португалија на гостински терен каде следува финалната пресметка за пласман на Мундијалот во Катар.
