Коцевски вели дека обвинувањата на Мицкоски кон обвинителите се неосновани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државниот обвинител Љупчо Коцевски не сака да ја коментира критиката на премиерот Христијан Мицкоски, кој го обвини Јавното обвинителство за користење изговори како вирус и дијареа за да се избегне работа.

„Некаде пред 20 дена, предметниот обвинител имаше вирус и не можеше да дојде на закажаниот состанок. Истиот се одложи за неколку дена, со тоа што после присуствуваше и од тогаш до денес има неколку состаноци со надлежни од полицијата за координација“, вели тој.

Инаку, Мицкоски најави акција против обвинителите од понеделник.