Иднината на Отворен Балка е светла. Вака изјавија премиерите на двете земји, РСМ и Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама кој изјави дека Отворен Балкан ја завршил својата мисија за да го движи напред Берлинскиот процес. Српската премиерка, Ана Брнабиќ вели дека Отворен Балкан има светла иднина, дури очекува на оваа иницијатива да и се приклучат и други земји од регионот.
И премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски, нема сомнежи дека иднината на Отворен Балкан ќе биде преку промовирање на целосно отстранување на границите меѓу земјите од регионот, а сите држави ќе бидат дел од ЕУ.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, извести дека на Отворен Балкан од Септември се очекува да и се приклучи и Хрватска, а и Грција покажала интерес. Според неа, со вакви иницијативи, Отворен Балкан ќе го посакуваат и граѓаните на Црна Гора и БиХ.
„Граѓаните на БиХ и Црна Гора сакаат да ни се приклучат и велат зошто кога патуваат по Балкан треба да чекам на граничните премини а да бевме дел од Отворен Балкан немаше да имам потреба од пасош, можеби немаше да ми треба ни лична карта, немаше да чекам ниту една минута на граничните премини бидејќи ќе има коловозна лента Отворен Валкан и би патувале без никаков проблем“, вели Ана Брнабиќ.
Инаку трговската размена меѓу РСМ и Србија во текот на 2022 е 1,48 милијарди евра.
