Екс премиерот Димитар Ковачевски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 ја искоментира својата изјава дека 11 години ќе биде премиер.
Според него, на членството му требало мотивација.
„Изјави се даваат во различен контекст и од различна причина. Таа имаше, да кажеме, и одредена мотивациска димензија затоа што јас дојдов тогаш за претседател на Владата и на партијата после еден изборен пораз на локалните избори. Во тој момент се процени дека треба на членството одреден тип на мотивација дека може да се направи пресврт, кој не се случи на крај на денот“, вели Ковачевски.
Според него, има многу причини за поразот на изборите.
