Ковид центарот во Битола исполнет до последно место, идните случаи ќе се хоспитализираат во Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Капацитетот на Клиничката болница во Битола која беше една од неколкуте Ковид центри за хоспитализирање на пациенти заболени со коронавирус е цлосно исполнет.

23 пациенти во моментов се сместени во одделот специјализиран за Ковид-19 со што идните случаи ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид.

Ова на прес конференција го потврди и Министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во Битола е исполнет капцитетот на одделението за КОВИД-19 зашто е регионален центар, сите пациенти од тој регион доаѓаат во Болницата. Сега од целиот регион пацинетите ќе се сметуваат во Охридската болница. Направена е целосна координација и спремно беше Инфективното одделение. Има добар план и добро се спроведува и не оставаме приод кој може да биде критичен, па да не знаат пациентите дали ќе се упатат на едно или на друго место“, рече Венко Филипче – министер за здравство.

Во последните 24 часа нема ниту излекуван пациент од Битола, ниту пак новозаразени лица со коронавирус.