ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од Кичево и против М.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“.
Пријавените, на 08.02.2021 насилно влегле во домот на Р.С.(72) од Кичево, физички ја нападнале и ѝ одзеле златни обетки и златни привезоци.
ТВ21 и претходно информираше за овој случај, во кој за три дена 2 пати била ограбена 72-годишната жена.
